Обвинителството бара притвор за синот кој го уби татко си за да спречи физички напад врз неговата мајка
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место.
Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.
Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за синот кој го…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Во тек најобемниот мониторинг на водите во…
Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на…
Жена намерно удрила во возило на младо…
На 13.07.2026 во 23:10 часот во СВР…
Реприза на полуфиналето од ЕП, но со…
Франција вечерва ќе се соочи со Шпанија…
Македонец обвинет во Загреб: Се преправал дека…
Општинското кривично државно обвинителство во Загреб поднесе…