ДУИ: Во Министерството за одбрана 10 од 10 директори се Македонци, сериозен аларм за исклучувањето на Албанците од безбедносниот систем
Официјалните податоци објавени од Министерството за одбрана покажуваат дека сите десет директори во Министерството се Македонци, додека ниту еден Албанец не раководи со директорат.
Овој дисбаланс претставува сериозно нарушување на принципот на правична и соодветна застапеност,еден од темелите врз кои се изградени институционалната стабилност и меѓуетничката доверба во државата.
Безбедносниот и одбранбениот систем бара доверба, рамнотежа и учество на сите заедници во процесите на одлучување. Исклучувањето на Албанците од највисоките раководни позиции ја поткопува довербата во институциите, создава чувство на маргинализација и го доведува во прашање мултиетничкиот карактер на институциите задолжени за безбедноста на сите граѓани.
Особено загрижува молкот на Влен. И покрај учеството во власта, тие не успеаја да обезбедат ниту минимална застапеност на Албанците во клучните институции на безбедносниот сектор. Недостигот на резултати говори за неспособност да се заштитат интересите на Албанците и за политичка заробеност што ги остави без капацитет да се спротивстават на ваквите одлуки.
Правичната застапеност во безбедносните институции претставува предуслов за доверба, стабилност и долгорочна безбедност на Република Северна Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Во Министерството за одбрана 10 од…
Официјалните податоци објавени од Министерството за одбрана…
ДУИ: Државата нема направено ниту еден суштински…
Во рамките на серијалот „Две години понижување…
ДУИ: ВЛЕН за две години ги урива…
Соопштение на ДУИ Демократската унија за интеграција…
ДУИ: Кога недостасуваат аргументи, ВЛЕН се обидува…
Последните изјави на ВЛЕН претставуваат јасен обид…
ДУИ: 36 проекти – само еден албански…
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ Демократската унија за интеграција…