Објавено на:

Меѓународната поморска организација смета дека Ормутскиот теснец останува опасен за транзит на трговски бродови

t

Ормускиот теснец останува „премногу опасна зона за транзит на трговски бродови“, објави Меѓународната поморска организација (ИМО), пренесе денеска Блумберг.

Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација со седиште во Лондон, Арсенио Домингез, изјави дека Ормускиот теснец останува „премногу опасна зона за транзит на трговски бродови“ и додаде дека околу 6.000 морнари се уште се блокирани.

Домингез повика на спроведување мерки за подобрување на условите за навигација.

Според него, не постои законска основа за собирање на транзитната такса во Ормускиот теснец .

„Сакам да ја нагласам потребата од почитување на меѓународното право, земјите да ги следат упатствата на организацијата и компаниите да не преземаат ризик од транзит низ Ормускиот теснец, со оглед на нестабилноста на моменталната ситуација“, додаде тој.

Ормускиот теснец е блокиран додека тензиите меѓу САД и Иран ескалираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…