Русија ја предупредува „Коалицијата на подготвените“ дека странските сили во Украина ќе бидат легитимни цели
Русија денеска објави дека распоредувањето на какви било мултинационални сили во Украина во случај на мировен договор би било неприфатливо за Москва, која би ги сметала таквите сили за закана и легитимна воена цел.
Западните сојузници во проукраинската „Коалиција на подготвените“ пред два дена се состанаа во Париз и ја потврдија својата намера да распоредат сили по прекинот на борбите, за да ја смират Украина и да ѝ помогнат да ја обнови својата војска.
Тие, исто така, наведоа дека во наредните месеци ќе се одржат вежби за да се демонстрира оперативната способност на планираните сили, познати како Мултинационални сили за Украина (MNF-U).
„Во овој контекст, сакаме да повториме дека распоредувањето на какви било воени контингенти од земјите од таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Украина е неприфатливо за нашата земја“, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.
„Повторувам: Тоа де факто би значело странска интервенција и ескалација на заканите за безбедноста на Русија. Ние би ги сметале таквите единици за легитимни воени цели“, нагласи Захарова.
Коалицијата на подготвените е составена од 35 земји. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер во заминување, Кир Стармер, предводат иницијатива составена од сојузниците на Украина, претежно европски, чија цел е да му обезбедат „безбедносни гаранции“ на Киев како дел од евентуален мировен договор со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…