Техеран предупреди: Ќе почнеме сеопшта офанзива ако нападите продолжат
Иран се закани дека ќе започне сеопшта офанзива доколку американските напади врз земјата продолжат уште неколку дена, додека САД седма ноќ по ред изведуваат воздушни удари.
Воен советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран ќе премине во фаза на сеопшта офанзива ако американските напади продолжат уште два до три дена.
„Иран повеќе нема да се задоволи само со возвраќање на ударите и ниту една граница нема да биде безбедна“, порача Резаи, пренесе иранската државна телевизија. Во меѓувреме, американската војска соопшти дека продолжува со нова серија напади врз Иран, чија цел е дополнително слабеење на иранските воени капацитети. Иранските власти, пак, тврдат дека во нападите биле оштетени електроенергетската мрежа, мостови, пристаниште, аеродром, телекомуникациска инфраструктура и железничка станица, но овие информации не се потврдени од Вашингтон. Револуционерната гарда соопшти и дека два нафтени танкери експлодирале и се запалиле при преминување низ минско поле јужно од Ормутскиот Теснец, без да соопшти на која држава ѝ припаѓале пловилата и дали има жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…