Објавено на:

Албанец чека да биде депортиран од Британија: Објавува снимки од луксузен живот и ги храни кучињата со банкноти

t

Албанскиот државјанин Доријан Пука, кој се наоѓа во постапка за депортација од Велика Британија, на социјалните мрежи објавувал снимки на кои прикажува луксузен начин на живот, меѓу кои и видео на кое на своите кучиња им нуди снопови британски фунти.

Пука (29) претходно двапати бил осудуван за кражби и по издржувањето на затворската казна бил депортиран од Велика Британија, по што повторно илегално влегол во земјата.

Во моментов се наоѓа во постапка за отстранување од земјата, откако неговото барање за азил било одбиено, а на таа одлука поднел жалба, пренесува британски „Телеграф“.

Според британските медиуми, поради жалбената постапка и други правни процедури, тој сè уште престојува во Велика Британија, иако ги исполнува условите за автоматска депортација поради претходните кривични дела.

На својот профил на Инстаграм, Пука објавил повеќе снимки на кои покажува скапи часовници „Ролекс“, луксузни автомобили, меѓу кои „Ферари“ и „Ламборгини Урус“, како и видео на кое на своите кучиња им дава банкноти од 20 и 50 фунти.

Портпарол на британското Министерство за внатрешни работи изјавил дека станува збор за странски државјанин осуден за кривични дела и дека властите преземаат сè што е во нивна моќ за тој да биде депортиран веднаш штом ќе се исполнат законските услови.

Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд најави измени на законите со кои ќе се отежни странските државјани осудени за кривични дела и илегалните мигранти да ги користат правните механизми за одложување на депортацијата, вклучително и преку забрзување на жалбените постапки и побрзо отстранување на странските престапници од земјата. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…