Во двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лица, над 17.000 луѓе останаа без своите домови
Бројот на загинати во двата разорни земјотреса што кон крајот на јуни ја погодија Венецуела се искачи на 5.069 лица, соопштија властите, додавајќи дека повеќе од 20.000 луѓе моментално живеат во привремени кампови.
Според податоците што ги објави претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез, преку платформата Телеграм, во земјотресите биле повредени 16.740 луѓе, додека 6.462 лица биле спасени од урнатините и погодените подрачја.
Властите информираат дека 17.907 жители останале без своите домови, а 21.235 лица се распоредени во 107 привремени кампови обезбедени по катастрофата.
Земјотресите предизвикале големи материјални штети. Оштетени се 856 објекти, од кои 190 целосно се урнале.
Во справувањето со последиците учествуваат повеќе од 65.000 луѓе, меѓу кои припадници на спасувачките служби, државни институции, волонтери и тимови од странство.
Катастрофата ја погоди Венецуела на 24 јуни, кога во интервал од само 39 секунди биле регистрирани два силни земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.
По разорните потреси, властите прогласија вонредна состојба, а меѓународната заедница започна со испраќање спасувачка и хуманитарна помош за погодените региони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Ѓорѓиевски: Нуркачот Бартломиеј Питала – почесен граѓанин…
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…