Хронична дијареја, намален имунитет, отпорност на антибиотици – Д-р Ристески со предупредување за здравјето на гостиварци
Не престанува загриженоста за здравјето на гостиварци по скандалот со загадената вода, или како што велат самите граѓани, „коктелот од фекалии и хлор“ кој течел од чешмите во домаќинствата.
Според доктор Милан Ристески, консумирањето вода загадена со фекални материи, покрај акутните симптоми, може да остави и долгорочни последици врз здравјето, особено врз цревниот микробиом.
Тој наведува дека патогени микроорганизми, како одредени видови E. coli, Salmonella и паразитот Giardia, можат да ја нарушат природната цревна микрофлора, што потенцијално може да доведе до: хронично воспаление и синдром на пропустливи црева; долготрајни дигестивни проблеми, вклучително и синдром на иритабилно дебело црево (IBS) и хронична дијареја; колонизација со бактерии отпорни на антибиотици; нарушување на имунолошкиот систем и зголемен ризик од одредени автоимуни и метаболички заболувања; можни последици врз менталното здравје преку нарушување на оската црева–мозок.
„Дали е некој свесен за овие потенцијални долгорочни здравствени проблеми на гостиварчани? Колкав ќе биде финансискиот импакт?“, прашува д-р Ристески.
Надлежните институции досега не објавиле проценка за евентуалните долгорочни здравствени последици, додека забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека е безбедна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хронична дијареја, намален имунитет, отпорност на антибиотици…
Не престанува загриженоста за здравјето на гостиварци…
Царина со зајакнати контроли на Охридското езеро
Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи…
(Видео) Хорор пред Акропол: Маж нападна туристи…
Утрово во 8:03 часот, на јужниот влез…
Вучиќ ги нарече студентите „паразити“, тие му…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече потенцијалните…
Нема промена во клиничката слика: Прегледани 198…
Во Општата болница во Гостивар во изминатото…