Објавено на:

Уапсени се двајца криумчари на мигранти во Гевгелија

t

МВР информира дека вчера попладне во 12:25 часот на ул. „Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.С.(35) од Струмица поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“.

Имено, пријавениот бил затекнат како управува патничко возило „ауди а5“ со кавадаречки регистарски таблички, кои припаѓале на друго патничко возило, а при контрола на возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Авганистан и албански регистарски таблички, сообраќајна дозвола, зелен картон и договор за изнајмување на возило од рент а кар компанија.

За настанот бил известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

Неколку часа подоцна, во 17:50 часот на експресен пат Градско – Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани мигранти, но возилото продолжило со движење и кај клучка Крушевица изгубило контрола и удрило во банкините од патот, по што возачот и мигрантите го напуштиле местото и возилото.

Набргу, во близина на местото биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан, кои имале телесни повреди и биле пренесени во болницата во Кавадарци, каде им била укажана помош, а потоа биле спроведени во Прифатен центар за странци Гази Баба.

По преземени мерки, рано утринава во 01:00 часот на експресен пат Прилеп – Градско, кај клучка Крушевица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од Скопје, а сопатник бил И.Н.(34) од Скопје, со живеалиште во с. Крушопек, скопско.

Поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен И.Н.. Тој бил предаден во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет земји од ЕУ преговараат за центри…

Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…

Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…

Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…

Санчез ги обвини Русија и Израел за…

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…

Десет турски државјани се обиделе нелегално да…

Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници…

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…

Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…