Радев: На бугарска територија е исклучено спроведувањето борбени операции на Блискиот Исток
Бугарската влада соопшти дека ја отфрла практиката на сојузниците во НАТО да носат одлуки зад грбот на бугарските граѓани за распоредување авиони-танкери на аеродромот Безмер пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Поради тоа, премиерот Румен Радев вели дека го поднеле барањето до Народното собрание, каде што „ќе зборуваат претставниците на народот“.
Се очекува денеска бугарското Национално собрание да гласа за барањето на САД за стационирање на до 8 авиони-танкери на американските вооружени сили во воздухопловната база Безмер во Бугарија.
Комисијата за одбрана веќе го одобри барањето на САД, а се очекува и пратениците да гласаат.
„Пред 2 месеци, со одлука на Советот на министри, ја корегиравме несоодветната одлука – истите овие авиони-танкери, дури и двојно повеќе, да стојат на цивилниот аеродром во Софија, помеѓу цивилните и патничките авиони, во непосредна близина на прометните терминали, во непосредна близина на главниот град и кои летаат над центарот на главниот град. Но, Бугарија и САД имаат потпишано безбедносен договор од 2006 година, кој го опфаќа и аеродромот Безмер. И ние ги исполнуваме нашите обврски и сметаме на нашите сојузници да ги исполнат своите секогаш кога ќе ни бидат потребни“, рекол Радев на состанокот на Владата.
И покрај однесувањето на политичарите кои сеат и всадуваат неизвесност во странство и работат против авторитетот на нашата земја, рекол Радев, Бугарија останува предвидлив партнер.„И секој популизам на тема „Безбедност“ е опасна неодговорност. И убеден сум дека долгорочното позиционирање на нашата земја ќе издржи демагогија. Сакам да нагласам дека ги цениме нашите добри односи со Исламската Република Иран. И категорично е исклучено борбените операции на Блискиот Исток да се спроведуваат од бугарска територија. Овие авиони-танкери се само и единствено за логистички мисии и полнење гориво во воздух, и надвор од бугарскиот воздушен простор“, нагласил бугарскиот премиер.
Според Радев, и САД и Иран носат огромна одговорност кон секој жител на планетата, бидејќи војната на Блискиот Исток може да има непредвидливи глобални последици.
„Време е да престанеме да се гледаме едни со други низ нишаните на оружјето. Бугарија, исто така, ги повикува страните во конфликтот да направат чекор назад. Ова е во интерес на Европа, ова е и наш, бугарски интерес“, заклучил премиерот на состанокот на владата непосредно пред седницата на бугарското собрание на кое ќе се гласа дали на американските авиони-танкери ќе им биде дозволено да ја користат воената база Безмер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ковачевски: На изборите ќе се има…
На изборите во 2024 година ќе имаме…
Кремљ: Се ближи крајот на западно центричниот…
Кина и другите растечки економии го достигнуваат…
Истокот и Западот војуваат преку Србија, вели…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју…
Радев денеска има разговор во „четири очи“…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…
Медведчук: Украина треба да стане мост меѓу…
Украина треба да стане мост меѓу Западот,…