Хаос во струмичко: Натепале цело семејство, се обиделе да грабнат жена, па удриле и на полицијата кога дошла
СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице.
Како што информираа од МВР, пријавени биле Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково. Тие на 24 јули околу 21:20 часот, според истрагата, насилно влегле во домот на К.Ѓ. во селото Сарај, струмичко, каде физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, нанесувајќи им телесни повреди.
За време на инцидентот, Т.Ј. и Г.Т. се обиделе против нејзина волја да ја одведат Р.Ѓ., поради што против нив била поднесена пријава и за кривичното дело „противправно лишување од слобода“.
МВР соопшти дека при интервенцијата, Б.Д. агресивно се однесувал кон полициските службеници и физички нападнал двајца полицајци, поради што се товари и за кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Осомничените биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
За време на инцидентот, К.Ѓ. излегол на терасата од куќата и со ловечка пушка испукал два истрела во воздух.
По целосното документирање на настанот, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во струмичко: Натепале цело семејство, се…
СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест…
Рама не попушта: Нема оставка
Албанскиот премиер Еди Рама порача дека нема…
СДСМ: Четири дена молк кој ги загадил…
Четири дена откако бела пена течеше од…
Нема основа целиот проект за водоснабдувањето да…
Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања…
Кризата на пазарот на трудот во Германија…
Ако немаш професија поврзана со здравството или…