Охриѓанец со 1,70 промили алкохол предизвика сообраќајка во Струга
Вчера околу 21:15 часот, на улицата „Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 65-годишниот Д.Т. од Охрид.
Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки и предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот К.Б. од Струга.
По преземените мерки и извршените проверки, кај возачот биле утврдени 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода.
По целосното документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска…
Франција ќе распореди војници, радари и системи…
Британскиот премиер по 40 години го враќа…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната…
Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…
Стабилноста, безбедноста и европската перспектива во фокус…
Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен…
Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување…
Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба…