Објавено на:

Две тинејџерки извлечени од Охридското езеро, со СУП даски заглавиле сред езеро

t

Вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП” даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош.

Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош.

Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две тинејџерки извлечени од Охридското езеро, со…

Вчера во 19:55 часот во Полициската станица…

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по…

Возач е повреден во сообраќајна несреќа што…

Аларм: Повеќе од 1.000 мигранти во последните…

Повеќе од 1.000 мигранти во последните денови…

Возел со 2,50 промили алкохол и предизвикал…

Триесет и шестгодишен жител на Струга е…

9-годишно дете тешко повредено во сообраќајка помеѓу…

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје…