(Видео) Трагедија во Романија: Минибус полн со фудбалери удрил во дрво откако возачот имал срцев удар, има загинати
Едно лице загина, а десетмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествувал минибусот со вториот тим на Динамо Букурешт.
Несреќата се случила во местото Кампулунг, откако 83-годишниот возач, според првичните информации, доживеал срцев удар, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.
Во минибусот се наоѓале 16 лица. На местото на несреќата животот го загубил членот на медицинскиот тим Константин Ковачиу, додека сите повредени се пренесени во болница. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб се надвор од животна опасност, а тренерот на вториот тим Адријан Ропотан се здобил со скршеници на двете раце.
Од Динамо Букурешт изразија сочувство до семејството на Ковачиу, истакнувајќи дека со години бил важен дел од медицинскиот тим на клубот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трагедија во Романија: Минибус полн со…
Едно лице загина, а десетмина се повредени…
Трамп: Не сум сигурен дали треба да…
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж дали треба да…
Малолетник од Радовиш силувал 13-годишно девојче
Млад радовишанец (17) е обвинет за силување…
Серија апсења во Скопје
На 30/31.07.2026 во Скопје, на различни локации,…
Тешка сообраќајна несреќа кај Градско: Повредени осум…
Вчера во СВР Велес било пријавено дека…