Објавено на:

Забрана за влез во шуми на Халкидики, властите стравуваат дека пожарите ќе се шират

t

Локалните власти на грчкот полуостров Халкидики воведоа привремена забрана за пристап до неколку шумски области низ полуостровот Халкидики во северна Грција, бидејќи регионот се соочува со висок ризик од шумски пожари, објавија грчките медиуми.

Мерката, наредена од заменик-регионалниот гувернер на Халкидики, Јанис Куфидис, им забранува на пешаците и на сите видови возила да влегуваат во одредени шумски области во општините Касандра, Ситонија и Аристотелис.

Според Катимерини, ограничувањето е на сила од 8 часот наутро до 20 часот во сабота, како дел од мерките за спречување на пожари.

Конкретно, забраната за пристап се однесува на сртот на полуостровот Касандра, од Касандрино до Агија Параскеви и шумските области познати како Арапис и Халковуни во локалната заедница Паљури.

„Ги повикаме жителите и посетителите да ги почитуваат ограничувањата, кои имаат за цел да го намалат ризикот од пожари во период на високи температури, опасни за проширување на огнови“, соопштија властите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска: Славевски беше мој личен избор, дојдов…

Претседателката Сиљановска денес сведочеше на надзорната расправа…

Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…

Пратениците на СНС ја напуштија седницата, заминаа…

Пратениците на Српската напредна партија (СНС) утрово…

Бомба фрлена врз куќата на директор на…

Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…

Протестен марш против фемицидите и насилството врз…

Протестниот марш против фемицидите и насилството врз…