Семејно насилство, кражби и дрога – Билтен на СВР Тетово

t

На 14.08.2026 година во 11:40 часот, во објект лоциран на патот Тетово – с. Требош, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.А.(36) од Р. Турција кој го злоупотребил туристичкиот престој односно престојувал спротивно на целта. Приведувањето е извршено врз основа на акциска контрола спроведена во содејство со Управа за јавни приходи, Трудовата и Пазарната инспекција. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка.
…….
На 14.08.2026 година во 14:15 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода И.Д.(44) од Тетово. Постапувајќи по претходна пријава од неговата 41- годишна сопруга, дека по вербална расправија физички ја нападнал при што и упатил и вербални закани. Пријавителката се здобила со телесни повреди но истиот и оневозможил да побара лекарска помош. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 14.08.2026 година во 15:15 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода лицето М.Р. (50) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 51 годишна сопруга и неговата ќерката, дека по расправија со три непознати лица во дворот, М.Р. физички ја нападнал сопругата и им упатил вербални закани доколку го пријават во полиција. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……..
На 14.08.2026 година во 17:00 часот, во с. Форино, полициски службеници од ПО Чегране го лишиле од слобода Ј.А. (51) од с. Форино, постапувајќи по претходна пријава од неговиот внук В.А.(26) дека поради нерасчистени семејни несогласувања, истиот физички ги нападнал него и неговиот татко. Тој е задржано во ПС Гостивар за понатамошна постапка.
…….
На 14.08.2026 година во 20:50 часот во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(75) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден од маркет во Гостивар од касата противправно одземал службен ПДА уред. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
……..
На 14.08.2026 година во 23:00 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (52) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот син А.И.(26), кој пријавил дека истиот му упатил вербални закани со остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 15.08.2026 година во 01:50 часот, на ул. „101“ во Гостивар, полициски службеници од Полициско одделение за Безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (25) од Гостивар, поради сторено кривично дело по член 297-а од КЗ. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „Голф“ под изречена заштитна мерка забрана за управување. Возилото му е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……..
На 15.08.2026 година во 04:05 часот, на ул. „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар ги лишиле од слобода Љ.С. (46) и Р.Д. (43), двајцата од с. Чегране. При преглед на возило „голф“, управувано од Љ.С., под совозачкото седиште била пронајдена кеса со бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……..
На 14.08.2026 година во 22:40 часот, А.З. од Гостивар пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат пред угостителски објект од страна на друг малолетник, при што се здобил со видливи повреди на лицето. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
…….
На 15.08.2026 година во 00:30 часот, од Медицински центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди е донесен Г.Ј.(45) од с. Топлица. Според негово кажување, кај гробиштата во с. Градец бил нападнат со дрвен предмет од страна на В.А. од с. Долно Палчиште. По укажување лекарска помош лицето е пренесено во комплекс клиниката ,,Мајка Тереза” во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…

Возач на „мерцедес“ со германски регистрации прегази…

МВР информира дека вчера попладне во 16:50…