Ноќеска активни се пет пожари
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола.
Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и Тисовица во Општина Зелениково, кај селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце, со проширување кон с. Бојане во Општина Сарај и кај селото Ломница во општина Врапчиште.
Под контрола се пожарите меѓу селата Алданци и Норово во оштина Крушево, кај селото Конопница во општина Крива Паланка и на потегот меѓу селата Борино и Житоше во општина Крушево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ноќеска активни се пет пожари
Центарот за управување со кризи попладнево информира…
Белград на вода се проширува кон Нов…
Агенцијата за просторно планирање и урбанизам на…
Папата повикува на прекин на насилството врз…
Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на…
(Видео) Приведени четворица мажи по масовна тепачка…
Од МВР информираат дека се приведени четири…
Семејство од Белград тешко повредено во сообраќајка…
Семејство од Белград, Србија, е повредено во…