Пожарникарите ноќеска имаа тешка битка со огнот во прилепско Крушевица

t

Пожарникарите синоќа имаа тешка битка со огнот кај прилепското село Крушевица, кај Мариово. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов доцна синоќа информираше дека пожарникарите успеале да го сопрат огнот и да го повлечат под патот, со што е намалена опасноста за селото.

„Имавме огнена битка во непосредна близина на селото Крушевица, но успеавме да го сопреме и да го повлечеме скроз долу од патот. Многу чад, тешко е за дишење и многу ризик. Но мораме, бидејќи селото е во прашање“, рече Ангелов, додавајќи дека во еден момент еден од тимовите останал без вода и морал да се повлече за да обезбеди нови количества.

Ангелов ја нагласи улогата на возилата „пинцгауер“, како и на нивните возачи кои, според него, одиграле клучна улога во интервенцијата.

„Да не беа ‘пинцгауерите’, ова ќе беше страшна ситуација. Благодарение на храбрите возачи, бивши специјалци“, истакна Ангелов.

Во текот на изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три и натаму се активни, еден е ставен под контрола, а 33 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Според информациите до 7:30 часот утрово, активни пожари има на подрачјето на општините Студеничани, Македонски Брод и Прилеп.

Во Студеничани, пожарот се шири на потегот од селото Моране кон Вртекица и Рамни Габер, при што гори мешана шума.

Активен е и пожарот во општина Македонски Брод, на месноста Видуш, кај селото Драгов Дол и кај Локвица. Таму е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Пожарот во Прилеп и натаму е активен. Огнот кај селото Чаниште се движи во два правци – едниот крак кон селото Зовиќ, а другиот кон Крушевица. Зафатена е ниска вегетација.

Пожарот во Делчево, каде што гореше депонија, е ставен под контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарникарите ноќеска имаа тешка битка со огнот…

Пожарникарите синоќа имаа тешка битка со огнот…

(Видео) Кина првпат успеа да врати дел…

Кина првпат успешно го врати првиот степен…

ОАЕ: Две ракети од Иран паднаа во…

Обединетите Арапски Емирати објавија дека откриле две…

„Ер трактор“ падна во морето во Грција:…

Уште еден инцидент со летало за гаснење…

САД обвинија 17 Иранци за 10-годишна кампања…

Американските федерални обвинители поднесоа обвинение во 14…