Се гради паркингот за пратеници и собраниски службеници: Гаши отиде да види до каде е изградбата
Во безбедносната зона околу Собранието се гради паркингот кој ќе биде наменет за возилата на пратениците и службениците. Претседателот на Собранието Африм Гаши изврши увид во работите.
– Одблиску го следев текот на градежните работи за уредување на просторот околу Собранието. Овој простор добива поуреден и пофункционален изглед, создавајќи подобри услови за паркирање и за секојдневните потреби на Собранието. Продолжуваме со конкретна работа и со внимание кон секој простор што придонесува за поефикасно функционирање на Собранието – објави Гаши.
За уредување на просторот и изградба на паркингот ќе бидат потрошени 101.951.456 денари (околу 1,6 милиони евра). Собранието склучи договор за набавка на опрема и партерно уредување на безбедносна зона со фирмата „Стентон градба“ ДОО од село Долно Оризари, Битола.
Според договорот, на просторот треба да се отстрани постојниот асфалт, да се постават гранитни плочки, да се изведат патеки и паркинг места, да се засадат дрвја и да се постави урбана опрема и осветлување. Треба да направи нова портирница и да се набави и постави систем за влез и излез од паркингот.
Првиот план беше на просторот да има катна гаража висока 9 метри, а 15 отсто од објектот да биде деловен простор, продавници или угостителски објекти. Потоа во Собранието се донесе Закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона, со што се забрани таква градба и беше најавено дека фирмата која го купила земјиштето ќе биде обесштетена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот не му го врати пасошот на…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…
Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…
Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…
Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…
Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…
МВР и Обвинителството истражуваат како Ива Михајлова…
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство…
МНР го повика бугарскиот амбасадор поради пречекот…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…