НАТО до Иран: „Подготвени сме да се соочиме со секоја закана“ – реакција на сценаријата за напад врз Европа
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека алијансата е подготвена да ја брани секоја своја членка од каква било закана, по информациите дека Иран разгледувал можност за напади врз американски воени цели на европско тло.
Реакцијата од Брисел доаѓа откако Financial Times објави дека делови од иранскиот режим разгледувале можни напади врз американски воени објекти во јужна и југоисточна Европа, доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со нова ескалација на војната.
Меѓу потенцијалните цели, според извештајот, се споменуваат американската воена инфраструктура во Бугарија и на Кипар.
„Нашата одвраќачка и одбранбена позиција е силна“
На прашање од Reuters за информациите на Financial Times, претставник на НАТО изјавил дека алијансата е подготвена да одговори на секоја закана.
„НАТО е подготвен да се соочи со секоја закана и секогаш ќе го направи она што е неопходно за да ги одбрани сите сојузници“, изјавил претставникот.
Тој потсетил и на четирите случаи претходно годинава, кога системите за противвоздушна одбрана на НАТО пресретнале балистички ракети истрелани од Иран, кои се движеле кон Турција.
„Нашата одвраќачка и одбранбена позиција е силна и ефикасна“, додал тој.
Што објави Financial Times
Financial Times во средата, 19 август, објави дека Техеран разгледува опции за проширување на конфликтот надвор од Блискиот Исток, доколку Вашингтон продолжи со нова воена ескалација.
Според извори блиски до иранскиот режим, американски воени цели во југоисточна Европа биле разгледувани како можни мети. Иранската страна, наводно, разгледувала и можни напади врз подводна инфраструктура во регионот на Ормутскиот Теснец.
Информациите се појавуваат во момент кога дипломатските напори за излез од војната повторно се во застој, а САД и Иран ги заоструваат своите позиции.
Техеран предупредува дека би можел да премине кон „поагресивен“ воен став доколку дипломатијата пропадне, додека Вашингтон засега ја отфрла можноста за продолжување на договорот за прекин на огнот постигнат во јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…
Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…
Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…
Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…
Истече рокот за постигнување договор меѓу САД…
Рокот од 60 дена утврден со меморандум…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…