Мицкоски за одлуката на Абази: 14 луѓе живи гореа во модуларната болница во Тетово, а обвинителството не утврди одговорност, случајот не е завршен секогаш можат да се појават нови детали
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и постапката на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна:
Треба јавноста да знае дека ова е процес кој што трае веќе 5 години. Процес кој што изминативе 5 години околу себе мобилизираше разни информации. Но, она кое што исто така е значајно е да се напомене во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. За жал, обвинителот кој што веќе е во заминување, бидејќи од тоа што сум информиран е распишан оглас за избор на нов обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, претпоставувам своите должничко доверителски односи кон претходната влада одлучува да до крај ги испорача и не му значат тоа што живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе, не му значи тоа ништо и одлучува да овој процес го стопира. Но, сакам да знае јавноста дека ова не е политички амнестија од страна на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци, бидејќи секогаш можат да се појават нови детали која се поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и да се покрене од самиот почеток.
Така што многу пати сум ги коментирал тие одлуки во рамките на нашиот правосуден систем, за жал една од тие скандалозни одлуки е и оваа. Она кое што мене ме збунува, а стига како порака од опозицијата е, до вчера тие кои што критикуваа за односот на правосудните органи, сега ги фалат и се полни со халоспеви за нивната работа и таканаречената “објективност“. Но, ќе повторам овој обвинител и луѓето кои што го водеа овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случај во кој живи гореа живи луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Болниците во криза, директорите милионери: Огромни примања…
Додека здравствените организации во Бугарија од година…
Живеат во страв за својот живот, маж…
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…
ОЈО бара забрана за предавање за професорката…
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…
Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…
ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…
ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…