Објавено на:

Трамп најави економски „Ден Д“ против Иран, аналитичарите се сомневаат дека тоа ќе го уништи официјален Техеран

t

Администрацијата на Доналд Трамп најави нова фаза на економски притисок врз Иран, со можност за секундарни санкции против земјите и компаниите што продолжуваат да соработуваат со Техеран.

Администрацијата на Трамп го нарекува овој потег „економски ден Д“ против Иран, велејќи дека сака да го принуди иранското раководство да се откаже од својата нуклеарна програма и целосно да го отвори Ормутскиот теснец за танкери за нафта и природен гас.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави за CNBC дека следната фаза би можела да вклучува казнени мерки против земјите и компаниите што соработуваат со Иран.

„Ако инсистирате да работите со нив, Министерството за финансии на САД и американската влада ќе ја искористат целата своја моќ и сила против вас. Време е нашите сојузници и остатокот од светот да донесат одлука“, рече тој.

Новата стратегија доаѓа во време кога Вашингтон, според АП, влегува во шестиот месец од војната со Иран и се соочува со намалени залихи на клучно оружје. Администрацијата смета дека дополнителен финансиски удар, по децении веќе постоечки санкции, би можел да го доведе Техеран до точка на пресврт.

Некои поддржувачи на построг пристап ја поддржаа најавата. Ричард Голдберг, поранешен координатор за притисок врз Иран во првиот мандат на Трамп, оцени дека американските напади врз нуклеарните постројки минатата година, овогодишната војна и поморската блокада на иранските пристаништа создадоа услови за капитулација што претходно не постоеја.

Од друга страна, критичарите предупредуваат дека ова е обновување на политиката на „максимален притисок“, која претходно имаше ограничен ефект. Али Ваез од Меѓународната кризна група смета дека најновата кампања само „ја консолидира позицијата на Иран“.

Иранскиот портпарол, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран во текот на децениите покажал дека ваквите мерки нема да го нарушат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп најави економски „Ден Д“ против Иран,…

Администрацијата на Доналд Трамп најави нова фаза…

За 24 часа уапсени 11 возачи, меѓу…

Во текот на изминатото деноноќие, на целата…

Крај на долгите редици на патарините во…

Хрватска воведува голема промена во наплатата на…

Првите километри од автопатот Прилеп-Битола се очекуваат…

Во текот на изминатото деноноќие, на целата…

Федоров планира да отпатува во САД за…

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…