Објавено на:

Како Јотова лови гласови на темата Македонија: „Имаме заедничка историја, нема да се откажеме од Бугарите и нивните права во Македонија“

t

Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори темата за положбата на Бугарите во Македонија и порача дека Софија нема да се откаже од нив и ќе продолжи да ги штити нивните права. Пораката ја испрати синоќа од историската локација Петрова нива, каде учествуваше на одбележувањето на 123 годишнината од Илинденско Преображенското востание. Повеќе од очигледно е дека таа сега лови гласови за претседателскиот мандат и темата на кампањата дека е со сите граѓани и ги штити бугарските права секаде, иако , се разбира, никаде не ги спомнува правата на Македонците во Бугарија

Јотова во својот говор ги поврза актуелните македонско бугарски односи со историските прашања , од бугарски агол, што со години се една од главните точки на спор меѓу Скопје и Софија.

Таа оцени дека денес за Бугарите во Македонија се зборува со многу омраза и поделби и порача дека политичарите, но и општествата, треба да се спротивстават на таквиот говор.

„Нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права“, порача Јотова.

Според неа, историјата меѓу Македонија и Бугарија е заедничка и не треба да биде причина за нови поделби.

Јотова вечерва не најави нова конкретна политичка иницијатива кон Скопје, туку повторно ја потврди долгогодишната бугарска позиција дека прашањето за Бугарите во Македонија ќе остане дел од политиката на Софија.

Таа истовремено испрати порака дека историската меморија треба да се пренесува на идните генерации, но дека погледот мора да биде насочен и кон иднината.

Настанот на Петрова нива се одржува под покровителство на бугарскиот претседател. Јотова присуствуваше на поменот за загинатите во востанието, а потоа се обрати на централната церемонија пред меморијалот.

Јотова,приказната за правата ја врзува исклучиво за правата на Бугарите, но не и за правата на Македонците во Бугарија ,зад што се крие и одложувањето на ставање на Бугарите во македонскиот Уставот, кој реципроцит Софија воопшто не го помнува и ја оддржува на тој начин блокадата на Македонија на патот кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ќе ја обнови оштетената заштитна конструкција…

Оштетената заштитна конструкција над уништениот реактор во…

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот…

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче,…

ВМРО-ДПМНЕ: Воведени се нови 28 дестинации од…

Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна…

(Видео) ФФМ: Недозволиво е да има закани,…

На натпреварот од четвртото коло на Првата…

Јужнокорејски брод ја тестира арктичката поморска рута…

Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа…