Блумберг: Европската комисија ќе предложи укинување на правото на вето за прием на нови членки во ЕУ!
Европската комисија подготви широка реформа на политиката за проширување на Европската Унија, која предвидува укинување на правото на вето на земјите членки при приемот на нови држави во ЕУ, објави „Блумберг“.
Европската комисија подготвува длабока реформа на процесот на проширување на ЕУ. Предлозите се очекува да им бидат презентирани на земјите членки и на Европскиот парламент кон крајот на септември.
Нацрт-реформата опфаќа повеќе аспекти – од преиспитување на реформите што се бараат од земјите кандидатки за членство, до воведување на квалификувано мнозинство наместо едногласност при донесувањето одлуки, со цел да се избегнат блокади во процесот на проширување.
Реформата, исто така, предвидува воведување на принципот на фазна интеграција на новите земји во ЕУ, како и можност за ограничување на одредени нивни права по пристапувањето во Унијата.
За усвојување на реформата ќе биде потребна едногласна одлука од сите 27 земји членки на Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…
Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…
Карни потврди четворица загинати војници во базата…
Канадскиот премиер Марк Карни потврди дека четворица…
(Видео) Нови судири со полицијата на шестиот…
Протестите во главниот град на Албанија, Тирана,…
Трамп не исклучува вонредни мерки пред изборите:…
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја…
„Албанија што гори е Албанија на сите…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока…