Дарко Костовски до ДУИ: Бутел нема да биде полигон за етнички политики
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, реагира на, како што наведува, интензивните критики од раководството на ДУИ во последните неколку дена, поврзани со запишувањето ученици во основните училишта во општината.
Костовски во објава на социјалните мрежи посочува дека, согласно Законот за основното образование и утврдената реонизација, учениците се запишуваат според реонот на основното училиште. Според него, од Општина Бутел се бара да постапи спротивно на овие правила, односно во училиштата да бидат примени деца од други општини.
„Бутел не е и нема да биде полигон за етнички политики!“, порача Костовски, обвинувајќи ја ДУИ дека едно административно и законско прашање се обидува да го претвори во етничко.
Градоначалникот вели дека особено е неприфатливо, како што наведува, во политичките пресметки да се користат децата и да се создаваат етнички тензии.
Костовски додава дека ги разбира родителите кои сакаат нивните деца да посетуваат квалитетни училишта, но нагласува дека институциите мора да ги почитуваат законските правила еднакво за сите.
„Во Бутел нема ‘наши’ и ‘ваши’ деца. Има деца кои заслужуваат еднаков третман, квалитетно образование и институции што работат според закон и исти правила за сите“, наведува градоначалникот.
Во објавата тој се осврнува и на, како што тврди, интересите на „урбаната мафија“, посочувајќи дека зад политичките поделби гледа и интереси поврзани со градежниот сектор и слободните површини во општината.
Костовски вели дека неговата визија за Бутел е развој со план, повеќе зеленило, училишта, градинки и спортски терени, наместо, како што наведува, „урбанистичко дивеење“.
На крајот тој порачува дека Бутел нема да се дели по етнички линии, ниту ќе се развива според нечии бизнис-интереси, туку „по закон и во интерес на сите негови граѓани“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дарко Костовски до ДУИ: Бутел нема да…
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, реагира…
Шведска им плаќа на мигрантите до 32.000…
Шведска од почетокот на 2026 година драстично…
Исланд кажа „не“ за ЕУ: граѓаните го…
Исланд ги отфрли плановите за продолжување на…
Русија вели дека подготвува „масовни напади“ врз…
Руското министерство за одбрана во неделата соопшти…
„Лажна е пријавата дека мајка вршела насилство…
Лажна е пријавата за семејно насилство од…