Македонско славје среде Виена: кошаркарите се радуваа заедно со навивачите
Македонската кошаркарска репрезентација одигра фантастичен натпревар во Виена и со убедливи 91-59 ја совлада Австрија на стартот од втората рунда претквалификации за Евробаскет 2029.
„Црвено-жолтите“ доминираа од самиот почеток до последната секунда, а по големата победа кошаркарите не заборавија да им се заблагодарат на навивачите кои во голем број беа присутни во салата. Македонската „Фаланга“ создаде одлична атмосфера и со својата поддршка им даде дополнителен мотив на репрезентативците.
За Македонија ова беше прв натпревар во оваа фаза од претквалификациите, додека Австрија со убедливиот пораз ги загуби шансите да се пласира во главните квалификации.
Сепак, вистинскиот решавачки меч допрва следува. Македонија на 26 ноември на домашен терен ќе го пречека Кипар, а токму тој дуел ќе го даде одговорот кој ќе го освои првото место во групата и ќе обезбеди пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.
По спектакуларниот старт во Виена, „црвено-жолтите“ сега го имаат Кипар пред себе и шанса пред домашната публика да го направат решавачкиот чекор кон следната фаза.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МЗТ Скопје Аеродром го освои Купот на…
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш…
Ке биде ли младиот Андреј Јакимовски вториот…
Најдобриот млад кошаркар на Македонија, Андреј Јакимовски …
Ин меморијам: Почина Јанко Луковски
Стигна тажна вест од Нови Сад. На…
Кукоч: Јокиќ се уште не е подобар…
Легендарниот кошаркар Тони Кукоч смета дека Никола…
Манила како Белград: Србите ја обоија секоја…
Кошаркарската репрезентација на Србија од 14 часот…