Кукоч: Јокиќ се уште не е подобар од Дражен или Дивац

t

Легендарниот кошаркар Тони Кукоч смета дека Никола Јокиќ не достигнал ниту половина од својот потенцијал.

Кукоч смета дека Јокиќ барем статистички ќе стане најдобриот Европеец кој играл во НБА, но и дека центарот од Сомбор се` уште не ги надминал кариерите на Дино Раџа, Дражен Петровиќ, Владе Дивац или Арвидас Сабонис.

Кукоч имаше клучна улога во тимот на Чикаго Булс од 1996 до 1998 година, со кој три пати беше шампион на најсилната лига во светот. Членот на Куќата на славните немаше ништо друго освен пофалби за српскиот кошаркар, кој моментално е најдобар играч во светот.

„Тој игра одлично. Го фалев Јокиќ кога сè уште никој не зборуваше за него. Ми се допаѓа неговиот стил на игра. На секој натпревар го покажува тоа. Тој размислува на поинаков начин од другите”, изјави Кукоч, пренесува „Баскетњуз“ .

„Со своето кошаркарско знаење и интелигенција, што е многу важно, тој го надополнува недостатокот на атлетизам. Тоа не можете да го видите бидејќи игра во свој ритам. Не можете да забележите дека некој е побрз или поагилен од него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ке биде ли младиот Андреј Јакимовски вториот…

Најдобриот млад кошаркар на Македонија, Андреј Јакимовски …

Јокиќ нерашлива енигма за противниците

Aктуелниот шампион Денвер продолжи со одличните настапи…

Ин меморијам: Почина Јанко Луковски

Стигна тажна вест од Нови Сад. На…

Кукоч: Јокиќ се уште не е подобар…

Легендарниот кошаркар Тони Кукоч смета дека Никола…

Манила како Белград: Србите ја обоија секоја…

Кошаркарската репрезентација на Србија од 14 часот…