Објавено на:

Шестмина ранети во експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во Мексико

t

Автомобил-бомба експлодирала синоќа вечерта пред во полициска станица во Мексико, при што биле ранети шест луѓе, пренесува Еуроњуз.

Експлозијата се случила во градот Охокалиенте, во сојузната држава Закатекас. Таа е клучна за трговијата со дрога бидејќи го поврзува централниот дел на Мексико со северот и западот на земјата и низ неа минуваат важни рути за шверц на кокаин и други наркотици кон САД.

„Експлозивот бил поставен во приватно возило и предизвикал материјална штета на станицата и на објектите во нејзина близина. Пријавено е дека шест цивили се ранети и добиваат медицинска помош“, напиша државниот секретар на владата, Родриго Рејес, на Фејсбук.

Ужасното насилство поврзано со трговијата со дрога со години ја измачуваше Закатекас, при што речиси секојдневно беа пронаоѓани тела, а луѓе исчезнуваа, сè додека не настапи период на релативно затишје.

Но, во јули, пет тела беа пронајдени обесени од мост во градот Позос де Гамбоа, на околу 75 километри од Охокалиенте.

Меѓу жртвите имало поранешен градоначалник, државни службеници и бизнисмени од други делови на сојузната држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шестмина ранети во експлозија на автомобил-бомба пред…

Автомобил-бомба експлодирала синоќа вечерта пред во полициска…

Пет тела обесени на мост во Мексико,…

Десетмина мажи кои биле киднапирани се пронајдени…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…