Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот во Чаир, 13-годишно дете се бори за живот

t

Сите учесници во инцидентот во скопската населба Чаир, во кој 13-годишно дете било избодено со нож и е во многу тешка состојба, се обезбедени од страна на полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, појаснувајќи дека се приведени вкупно пет лица.

Според министерот, повреденото дете се наоѓа во многу тешка здравствена состојба и се бори за живот.

„Едно лице моментално е во многу тешка здравствена состојба, се бори за живот. Станува збор за малолетник, а согласно првичните информации добиени од службите во Министерството, и оној којшто го врши кривичното дело исто така е малолетник. Детето со тешки телесни повреди и детето коешто ги нанесува се иста генерација, родени 2012 година, изјави Тошковски.

Тој оцени дека пораката од овој кривично-правен настан е страшна, при тоа истакна дека ваквите ужасни сцени од аспект на кривични дела претставуваат предизвик не само за држави како нашата, туку и за големите и развиени земји членки на Европската Унија.

„Станува збор за сторување на ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници каде што кривично-правниот општествен одговор е многу поинаков отколку кога станува збор за одговор насочен спрема полнолетни лица. Овде мораме како општество малку подлабоко да навлеземе и мора да има поширок институционален одговор – и од страна на надлежните министерства, и од сите општествени чинители, од родителите, социјалните центри, МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование, здравствените центри и Министерството за здравство. Навистина ова е еден од најужасните предизвици коишто ги имаме пред нас“ порача Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…