Тинејџер планирал киднапирање на Мбапе
Француската јавност е вознемирена по откривањето на истрага за криминална група која, наводно, планирала серија киднапирања и напади врз богати и познати личности.
Меѓу потенцијалните жртви, според „Ле Паризиен“, се наоѓал и Килијан Мбапе, ѕвездата на Реал Мадрид и француската репрезентација.
Како главен осомничен е идентификуван 18-годишниот Клемон Л., кој според истрагата бил организатор на повеќе криминални активности. Во плановите, покрај Мбапе, наводно биле и познат рапер и неколку богати претприемачи.
Истрагата опфаќа настани од април до август на повеќе локации во Франција. Главниот осомничен е уапсен и се наоѓа во притвор, додека неговиот наводен соучесник е под судски надзор.
Француските власти случајот го третираат со особено внимание поради сериозноста на наводните планови и бројот на потенцијалните жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…
(Видео) Филипче: Ако дојдам на власт, правосудниот…
Венко Филипче во емисија на Алсат ТВ…