Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека цените на нафтата ќе паднат кога САД ќе ја добијат војната против Иран.
„Цените на нафтата ќе паднат, како и се друго, но уште повеќе кога ќе ја добиеме војната против Иран. Ќе биде 3 долари за галон, но на крајот ќе биде под 2 долари за галон. Се ќе се случи брзо, а Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа Truth social.
За споредба, дизел горивото во САД денеска чини просечно 4,15 долари за галон, додека е најскапо во Калифорнија, каде што е 5,86 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…
Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…
Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…
Гаши од Рокас го прими Извештајот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…
Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…
Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…
(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…