Мелони го поздрави успехот Алтернатива за Германија

t

Крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) зајакнува бидејќи владејачката „голема коалиција“ меѓу христијанските демократи и социјалдемократите не успева да даде јасни одговори за имиграцијата и другите клучни прашања за гласачите, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Таа истакна дека нема споредба со Италија, каде што нејзината десничарска влада всушност дава одговори на тие витални прашања.

– Сметам дека демократијата мора да се почитува, бидејќи не станува збор само за вредностите, туку и за односите со Европа – рече Мелони коментирајќи го подемот на АфД во германската покраина Саксонија-Анхалт, каде што партијата освои 44 проценти од гласовите и се подготвува да ја преземе власта.

Таа исто така ги коментираше и различните ставови кои по тој повод ги изнесоа заменик-премиерот и лидер на партијата од десниот центар Форца Италија Антонио Тајани, кој победата на АфД ја нарече „ужасна вест“, додека челникот на десничарската партија Лига, Матео Салвини, ја поздрави победата на германската крајна десница.

Според Мелони, не треба да се влече никаква паралела со Италија, бидејќи Германија има влада на Голема коалиција која ги обединува партиите од десниот и левиот центар.

– Тоа се решенија кои, со оглед на тешкотиите во заземањето јасен став за прашањата важни за граѓаните, на крајот го поттикнуваат растот на ваквите движења – наведе таа.

Мелони заклучи дека тоа не е случај во Италија која има влада на десниот центар и десницата, и која дава одговори, вклучувајќи го и прашањето за имиграцијата, токму прашањето на кое АфД оствари раст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони го поздрави успехот Алтернатива за Германија

Крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)…

Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…

Германската крајна десница АфД убедливо победи во…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…

Мерц во страв пред изборите: Не можам…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупредува дека победата…

Германската АфД против амбасадата во Скопје: Спор…

Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) бара…