Објавено на:

„Гугл“ ќе отвора податочни центри и други проекти во Финска, вкупната најавена вредност е 13 милијарди евра

t

„Гугл“ објави дека во текот на следните две години ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во Финска во проекти за дигитална инфраструктура, вклучувајќи и центри за податоци за поддршка на моделите со вештачка интелигенција, пренесе „Дојче веле“.

„Ова е најголемата инвестиција на „Гугл“ во Европа и доказ за водечката улога на Финска во одговорниот развој на инфраструктурата за вештачка интелигенција“, наведуваат од компанијата.

Глобалниот технолошки гигант најавува и „проекти за чиста енергија“ кои ќе бидат наменети за „фондови за природата и заедницата, со цел поддршка на локалниот биодиверзитет, образованието, истражувањето и развојот на вештини“.

Благодарение на релативно евтината струја и студената клима, Финска во последните години бележи пораст на проекти за центри за податоци, при што десетици од нив се веќе во фаза на изградба.

Привлекувањето инвестиции во овој сектор е приоритет за десничарската влада на Петери Орпо, додека оваа нордиска земја се соочува со рекордно висока невработеност. Технолошкиот гигант Google постепено го проширува своето присуство во Финска уште од 2009 година, кога ја купи поранешната фабрика за хартија во крајбрежниот град Хамина и ја претвори во центар за податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…

Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…

Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…

(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…

Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…

По затварањето на Алта банка во Србија…

Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…