ВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразен, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на Гета
Нискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството, велат во денешното партиско соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап.
За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени.
Во продолжение видеото, уживајте:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…
Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…
Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…
Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…