За еден месец, македонската полиција запленила 97 мотоцикли!
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и мотоциклисти во текот на август резултирале со илјадници констатирани прекршоци низ целата земја.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на контролите биле евидентирани вкупно 1.875 прекршоци, од кои најголем број, односно 503, биле регистрирани во Скопје.
Најчестиот прекршок бил неносење заштитна кацига, при што биле констатирани вкупно 1.563 случаи.
Во рамки на преземените мерки, против 116 возачи биле поднесени кривични пријави, додека полицијата запленила 97 мотоцикли.
Покрај прекршоците поврзани со велосипедите, мопедите и мотоциклите, во текот на контролите биле констатирани и 3.259 други сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат низ целата земја, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Возел мотоцикл со 2,66 промили алкохол во…
На 31.08.2026 во 14:00 часот на магистралниот…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…