(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на само четири километри од полската граница – Кренати се борбените авиони!

t

Дрон со млазен погон паднал или бил уништен на околу четири километри од полската граница, на украинска територија. По инцидентот, во источна Полска, особено во регионите Лублин и Жешув, се огласиле сирени за тревога. Полскиот медиум Onet, повикувајќи се на портпаролот на Оперативната команда на полските вооружени сили, објави дека дронот паднал во близина на граничниот премин Дорогуск – Јаходин.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека во близина на Дорогуск повторно најверојатно била нападната бензинска станица. Тој при брифингот соопшти дека се случила „многу силна експлозија“ и дека полските воени авиони биле кренати во воздух.

Жителите на централна Полска исто така слушнале силен татнеж. Војската објаснила дека звукот бил предизвикан од борбени авиони кои го пробиле звучниот ѕид.

Полскиот заменик-министер за одбрана Чезари Томчик изјавил во Сејмот дека армијата била подготвена да го собори објектот доколку се приближел до полската граница. Според полската војска, воздушниот простор на земјата не бил нарушен.

Инцидентот се случува во период на зголемени безбедносни ризици долж полско-украинската граница. Само неколку дена претходно, руски дрон погоди инфраструктура во близина на граничниот премин Јаходин–Дорогуск, при што беше оштетена бензинска станица и беа погодени камиони. Полските власти тогаш привремено ги прекинаа операциите на граничниот премин.

Туск предупреди дека руските напади се случуваат сè поблиску до полската граница. Во својот говор тој направи паралела со историските настани од 1939 година, кога Советскиот Сојуз ја нападна Полска.

„Историјата не се повторува, но се римува. А денес мораме сериозно да ги сфатиме историските паралели“, изјави Туск.

Тој потсети и на неодамнешните инциденти во близина на полската граница, меѓу кои нападот врз бензинска станица кај Дорогуск, нападот врз локомотива на украински воз на околу два километри од полската граница, како и оштетувањето на објект на полска компанија во Украина.

Полска во последните денови дополнително ја засилува заштитата на граничните премини со Украина. Варшава започна со поставување заштитна инфраструктура околу премините Дорогуск, Медијка и Корчова, вклучително и бариери за заштита од експлозии.

Инцидентот од 17 септември се случува на 87-годишнината од советската инвазија врз Полска во 1939 година, што Туск го посочи како дополнителна причина за внимателно следење на актуелната безбедносна ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Украина и Полска: Руската закана веќе е…

Украина и Полска предупредија на зголемена руска…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…