Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ најави уште три низ земјата

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска е отворена фабрика за склопување на израелски дронови во Србија, која треба да вработува околу 100 работници и да произведува опрема за потребите на војската на Србија, но и за вооружените сили на други земји, објави РТС.

Вучиќ за отворањето на фабриката, најавена неодамна информираше преку објава на „Инстаграм“, наведувајќи дека е горд на, како што рече, успесите на Србија.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

„Утрово бев особено горд на Србија и на нејзините успеси. Отворив фабрика за склопување на најсовремени дронови од израелско производство, која ќе вработува околу сто работници и ќе произведува најсовремена опрема, како за војската на Србија, така и за армиите на некои други земји“, рече Вучиќ.

Според него, планот е соработката со израелските партнери да се прошири и во други делови од Србија.

„Нашите планови се огромни. Веруваме дека со нашите израелски партнери ќе отвориме уште најмалку три фабрики низ Србија“, напиша Вучиќ.

Тој наведе и дека новинарите не биле поканети на обиколка на фабриката поради доверливоста на процесот на производство.

Соработката на Србија со израелската одбранбена индустрија во производството на дронови претходно беше јавно најавувана. Според претходно објавените информации, проектот вклучува соработка меѓу Србија и израелската компанија Elbit Systems во производството на беспилотни системи.

Најавата на Вучиќ доаѓа во рамки на поширокиот развој на домашните капацитети за производство на беспилотни системи. Министерството за одбрана претходно соопшти дека во Србија се прошируваат капацитетите на воената индустрија и дека се работи на производство на современи дронови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…

Уште еден висок полициски функционер во Србија…

Шефот на Службата за борба против организиран…

Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…

Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…