Уапсени се четворица арамии кои краделе со месеци низ села во Тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 3 во врска со став 1 точка 2 и во врска со член 45 на Кривичниот законик.
Четворицата подолг временски период – од април до септември годинава извршиле повеќе тешки кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње, при што провалиле во над 10 куќи од каде одзеле пари, златен накит и разни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола. При една од кражбите во селото Палчиште успеале од домот на оштетениот да извлечат сеф тежок околу 400 килограми. Вкупната вредност на украдените предмети до овој момент се проценува на приближно 15.000.000 денари.
Јавниот обвинител интензивно постапува за обезбедување докази за сите настани. Во меѓувреме, по предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор од 48 часа до целосно обезбедување на доказите, додека по двајца се трага и ним притворот ќе им се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се четворица арамии кои краделе со…
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против…
Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака по повод…
Тројца јужнокорејски војници повредени во експлозија во…
Тројца јужнокорејски војници се повредени денеска во…
ПЕНТАГОНГОТ ПОДГОТВУВА НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ СЦЕНАРИЈА ЗА ЕВРОПА:…
Ревизијата на американското воено присуство во Европа…
Мицкоски со државниот секретар на САД Рубио:…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки…