Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално неодржлива, ќе ја изгубиме поддршката

t

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува да создаде нови економски и социјални проблеми доколку климатската политика не ја земе предвид реалноста во која живеат граѓаните и посиромашните држави, порача премиерот.

Во обраќањето пред ОН тој повика на климатска политика која истовремено ќе ги зема предвид екологијата, економијата и социјалната стабилност.

„И климатската политика ќе мора посилно да се потпира на реалноста.“

Неговата почетна позиција беше недвосмислена:

„Зелената транзиција е неопходна.“

Но начинот на кој ќе биде спроведена, предупреди премиерот, ќе биде клучен за нејзиниот успех.

„Ако ја направиме социјално неодржлива, ќе ја изгубиме политичката поддршка потребна за нејзино спроведување.“

Вториот ризик е заменување на една зависност со друга.

„Ако ја направиме технолошки зависна од мал број извори, ќе создадеме нови предизвици додека ги решаваме старите.“

Премиерот посебно се осврна на разликата меѓу богатите и посиромашните држави и нивната способност да ја финансираат зелената транзиција.

Според него, не може од сите држави да се бара исто темпо ако немаат исти финансиски и технолошки можности.

„Ако очекуваме посиромашните земји да се движат со исто темпо, без да им обезбедиме еднаков пристап до капитал и технологија, ќе создадеме неправда наместо транзиција.“

Поради тоа, премиерот ја постави зелената транзиција како многу пошироко прашање од заштитата на животната средина.

„Затоа идната климатска политика мора истовремено да биде и еколошка, и економска, и социјална политика.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…

Mицкоски од Обединети Нации: Не можеме да…

Премиерот на Република Македонија од говорницата на…

Мамдани му одговори на Нетанјаху: Налогот за…

Конфликтот меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и…