Mицкоски од Обединети Нации: Не можеме да ги убедуваме граѓаните дека компромисот е доблест ако секој компромис носи ново барање

t

Премиерот на Република Македонија од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации испрати силна порака за компромисите што Македонија ги правела во изминатите децении, предупредувајќи дека довербата во меѓународните правила не може бесконечно да остане еднострана обврска.

Во делот од говорот посветен на положбата на малите држави, премиерот порача дека македонската понова историја може да послужи како пример за земја која била подготвена да прави исклучително тешки отстапки во име на мирот, стабилноста и интеграцијата.

„Ако некој сака да види пример за земја што повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право — нешто што многумина го земаат здраво за готово — доволно е да погледне во поновата историја на мојата земја.“

Тој ја опиша таа историја како период исполнет со безбедносни ризици, компромиси и отстапки.

„Историја обележана со предизвици, со безбедносни ризици од регионални размери, со постојани компромиси и отстапки направени во име на мирот, соработката и повисоките цели на интеграцијата — често по цена на нашето најосновно чувство за достоинство и правда.“

Македонија, рече премиерот, продолжила по тој пат дури и кога процесите траеле многу подолго отколку што граѓаните можеле разумно да очекуваат. Но токму поради тоа, според него, доаѓа момент кога мора да се постави прашањето за реципроцитетот на довербата.

„Денес можам одговорно да кажам дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска.“

Премиерот потоа испрати порака која директно го допира процесот на интеграција во меѓународните организации.

„Ако од кандидатите за членство во една организација се бара да исполнат одредени критериуми, тогаш исполнувањето на тие критериуми мора да води кон напредок.“

Правилата, нагласи тој, мора да обезбедат предвидливост и за малите држави, а преземените обврски не смеат да зависат од моменталниот политички однос на силите.

„Правилото што важи денес не може утре да биде поинакво само затоа што се променил односот на силите.“

Најдиректната порака следуваше кога премиерот зборуваше за тоа како ваквите процеси изгледаат од перспектива на обичните граѓани.

„Не можеме да им велиме на луѓето ‘Верувајте им на правилата’, кога гледаат дека правилата не важат еднакво. Не можеме да ги убедиме дека компромисот е доблест ако секој компромис носи ново барање.“

Според него, не може да се очекува ниту доверба во меѓународните институции доколку граѓаните почнат да веруваат дека судбината на нивната земја повеќе зависи од нејзината политичка тежина отколку од силата на заеднички прифатените принципи.

„Ова е прашање на легитимитет“, заклучи премиерот во овој дел од обраќањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mицкоски од Обединети Нации: Не можеме да…

Премиерот на Република Македонија од говорницата на…

Мамдани му одговори на Нетанјаху: Налогот за…

Конфликтот меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и…

Рама: Џо Бајден го изневери Хашим Тачи

Премиерот на Албанија – Еди Рама, изјави…

Mицкоски: Малите држави не можат да си…

Малите држави не можат да си дозволат…

Автобус излетал од патот кај Тетовско Стенче…

Автобус денеска излетал од патот во близина…