Ердоган од Истанбул: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри критики за состојбата во Појасот Газа, оценувајќи дека палестинската енклава е претворена во „најголемиот концентрационен логор во светот“.

Говорејќи на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, Ердоган рече дека жителите на Газа веќе три години се изложени на постојани напади и оцени дека меѓународниот систем не успеал да ги заштити цивилите и да обезбеди почитување на меѓународното право.

„Најважно од сѐ е што веќе три години, пред очите на целиот свет, луѓето во Газа се подложени на варварски убиства. Повеќе од 74.000 жители на Газа, од кои повеќето се жени и деца, се убиени“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека во нападите биле уништени училишта, универзитети, болници и верски објекти, а голем број деца останале со тешки повреди.

Ердоган потсети и на примирјето што стапи во сила во октомври 2025 година и ја обвини израелската страна за негово повеќекратно прекршување. Според неговите тврдења, од тогаш во израелски напади загинале околу 1.500 Палестинци, а повеќе од 5.000 биле повредени. Независни извештаи наведуваат над 1.400 загинати од стапувањето во сила на примирјето.

Турскиот претседател се осврна и на состојбата на Западниот Брег, обвинувајќи за продолжување на населувањата и насилството, како и за обиди за промена на историскиот и правниот статус на светите места во Ерусалим.

„Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот од мрежа која се смета себеси за над меѓународното право“, рече Ердоган.

Тој оцени и дека меѓународните договори и одлуките на меѓународните судови сè почесто остануваат без практична примена, предупредувајќи дека довербата во глобалниот систем е сериозно нарушена.

На крајот, Ердоган порача дека Турција ќе продолжи да ги поддржува, како што рече, угнетените и обесправените и да бара одговорност за злосторствата во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган од Истанбул: Газа е претворена во…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри…

Сиљановска-Давкова со претседателката на турската Црвена полумесечина:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма…

Марк Маркес против новиот Мото ГП формат:…

Мото ГП од 2027 година воведува нов…

Поголема безбедност за музеите и артефактите: Тошковски…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари…