Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките и наставничките се вратија од часови
Новите правила за училишни униформи во Азербејџан, кои индиректно го ограничуваат носењето хиџаб во училиштата, предизвикаа протести во земјата, но и реакции во Турција.
Амандманот не ги споменува експлицитно шамиите, но забранува облека за која властите сметаат дека го нарушува „принципот на секуларизам“. По неговото усвојување, во дел од училиштата ученички и наставнички кои носат хиџаб биле спречени да присуствуваат на настава.
Наставничката Захра Хасанова за „Ал Џезира“ изјави дека била известена дека повеќе не смее да носи хиџаб во училиштето.
„Искрено, малку сум емотивна. Повредена сум. Хиџабот е личен избор и ако еден ден одлучам да го соблечам, тоа треба да биде и мој избор“, рече таа.
Азербејџанската државна агенција АПА соопшти дека измените имаат цел да воспостават унифициран начин на облекување во државните образовни институции, во согласност со секуларниот карактер на земјата.
Одлуката предизвика протести и кампањи на социјалните мрежи. Локалните медиуми објавија дека ученици во најмалку две училишта ја бојкотирале наставата, а на интернет се појавиле видеа од ученици кои плачат и ги прегрнуваат наставничките што биле вратени од училиштата.
На протестите им се приклучија и граѓани во Турција. Демонстранти се собраа пред азербејџанскиот конзулат во Истанбул, барајќи властите во Баку да ја преиспитаат одлуката.
Азербејџан е уставно дефиниран како секуларна држава, но Уставот истовремено ја гарантира и слободата на вероисповед. Околу 96 проценти од населението се изјаснуваат како муслимани.
Претседателот Илхам Алиев во говор пред својата партија порача дека никој не треба да „се меша во нашиот начин на живот“, без директно да ја спомене Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките…
Новите правила за училишни униформи во Азербејџан,…
Судот не му го врати пасошот на…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…
Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…
Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…
Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…
Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…
МВР и Обвинителството истражуваат како Ива Михајлова…
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство…