Затворени три друштва за интернет-игри на среќа по судски пат, соопшти Државна лотарија

t

Државна лотарија соопшти дека презела мерки за отстранување на неправилностите наследени од претходното раководство уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Од институцијата посочуваат дека ревизијата била иницирана на нивно барање, во првиот месец по назначувањето на новиот менаџмент.

Според Државна лотарија, актуелното раководство не чекало да бидат објавени ревизорските извештаи, туку започнало конкретни постапки за прекин на спорните активности и усогласување на работењето со законските обврски.

Од институцијата нагласуваат дека преземените мерки не се реакција на актуелните медиумски објави, туку дел од процес што започнал претходно, со цел да се спречи продолжувањето на спорните практики, да се заштити јавниот интерес и да се воспостави одговорно корпоративно управување.

Државна лотарија наведува дека сериозно пристапила кон наодите и препораките на Државниот завод за ревизија, кои, како што посочуваат, претставуваат основа за понатамошно постапување и зајакнување на контролата и законитоста во работењето.

Во соопштението се наведува и дека институцијата, повикувајќи се на автентичното толкување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, претходно иницирала судски постапки за престанок на постоењето на друштвата за приредување интернет-игри на среќа.

Постапките за „Државна лотарија – Везув“, „Државна лотарија – 77 БИТС“ и „Државна лотарија – Моззарт“ завршиле со нивно затворање по судски пат, соопшти институцијата.

Одделно, затворањето на „Нова државна видео лотарија – НОВО-ВЛТ“ било реализирано по спогодбен пат меѓу двете друштва, на иницијатива на Државна лотарија. Институцијата наведува и дека започнала постапка за запирање на приредувањето интернет-игри на среќа преку Државна видеолотарија.

Како дел од мерките за подобрување на работењето, Државна лотарија соопшти дека самоиницијативно донела 12 интерни протоколи, насочени кон поголема финансиска дисциплина и поефикасна внатрешна контрола.

Од раководството велат дека приоритет остануваат јасните правила за донесување одлуки, соодветната документација, финансиската дисциплина и спречувањето на повторување на утврдените слабости.

Државна лотарија најавува дека ќе продолжи да соработува со Државниот завод за ревизија и другите надлежни институции, ставајќи им на располагање документација за понатамошно расчистување на утврдените состојби.

Институцијата додава дека јавноста ќе биде информирана за преземените активности, со почитување на законските обврски и тековните постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…

Велешанецот кој е пријавен за измами со…

Калас: Америка ја принудува Украина да се…

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…

(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…

„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…

Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…

Вучиќ за можноста од трета светска војна:…

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, оцени…