Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници.
Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија.
Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што пратката не ги исполнува безбедносните стандарди.
Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува за увезеното свежо овошје и зеленчук во Бугарија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…
Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…
Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…