Нови детали за двојната смрт во Богданци: Судот му забранил да ѝ се приближува, а тој наводно ја грабнал во Гевгелија
Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во која беа пронајдени две безживотни тела, упатуваат на убиство и самоубиство, потврдуваат од Јавното обвинителство.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, велат од Обвинителството.
Според сознанијата на порталот „Скопје1“ кои претходно изнесе детали за 17-годишната девојка, судот претходно му изрекол мерки за заштита од семејно насилство на 21-годишникот, вклучително и забрана да ѝ се приближува и да ја вознемирува малолетничката. Трагедијата се случила додека овие мерки сè уште биле во сила.
На 16 октомври Основното јавно обвинителство Гевгелија примило пријава за загрозување на сигурноста на девојката, а според информациите на порталот, обвинителството започнало со постапување, биле определени датуми за распит на пријавителката и пријавениот, а биле дадени и наредби за вештачења.
„Скопје1“ дознава и неофицијални детали за настаните што наводно ѝ претходеле на трагедијата. Имено, според извори на порталот кои се запознаени со случајот, постојат сомнежи дека 21-годишникот ја чекал девојката пред теретана во Гевгелија, по што насилно ја внел во автомобил и ја однел во правец на Богданци.
Овие информации засега не се официјално потврдени. Обвинителството соопшти дека се обезбедени снимки од видеонадзор, но не прецизираше што е забележано на нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали за двојната смрт во Богданци:…
Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во…
Обвинителството поведе постапка против двајца вработени на…
Основното јавно обвинителство – Штип поведе постапка…
Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски…
Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот…
Хакери нападнаа француски центри за крв: ја…
Француските центри за крводарување и трансфузија биле…
Седумдневна забрана за „Информер“: Српскиот медиумски регулатор…
Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми…