Седумдневна забрана за „Информер“: Српскиот медиумски регулатор изрече казна

t

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) во Србија ѝ изрече денеска на телевизијата „Информер“ мерка забрана за емитување во траење од седум дена, и тоа во форматот во кој е направена повредата на законот, пренесува „Телеграф“.

На седницата присуствуваше главниот и одговорен уредник на ТВ „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, заедно со правниот застапник на таа телевизија и неколкумина вработени, додека пред зградата на РЕМ се собра група граѓани за да му даде поддршка на „Информер“.

Советот на РЕМ на истата седница покрена испитни постапки против телевизиите „Курир“, „Прва“, „Информер“, „К1“ и „В5“ од Ваљево поради кршење на правилата во областа на обезбедувањето медиумски услуги. Претставниците на тие телевизии ќе бидат повикани на следната седница.

Против „Информер“ и претходно беа покренати постапки поради пренос на партиски собир на 3 октомври кој не беше соодветно означен, поради емитување на документарниот филм „Државник“, како и поради коментари на сметка на членот на Советот на РЕМ, Родољуб Шабиќ, и Зоран Гавриловиќ од БИРОДИ.

Медиумските и новинарските здруженија, како и организациите на граѓанското општество, на 27 октомври му поднесоа на РЕМ иницијатива за одземање на дозволата за емитување на ТВ „Информер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумдневна забрана за „Информер“: Српскиот медиумски регулатор…

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…

“Ме осудија за два твита”: Сопственикот на…

Драган Вучиќевиќ, главен уредник и сопственик на…