РЕМ покрена нова постапка против телевизијата Информер

t

Советот на српското Регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ) одлучи да покрене нова испитна постапка против телевизијата Информер, поради содржина емитувана во емисијата „Српски дневник“.

На седницата било одлучено на следната средба да биде поканет и претставник на Информер, кој ќе треба да се произнесе за случајот. По неговото изјаснување, Советот на РЕМ ќе одлучува за евентуални мерки против телевизијата, пренесува РТС.

Во меѓувреме, не е покрената испитна постапка против телевизијата К1. За одредена содржина емитувана на телевизијата Н1, пак, било предложено претставката да биде проследена до регулаторното тело во Луксембург, бидејќи српскиот РЕМ нема надлежност над оваа телевизија.

На седницата присуствувале шест од осумте избрани членови на Советот, додека Дубравка Валиќ Недељковиќ и Милева Малешиќ биле отсутни.

На претходната, петта редовна седница, одржана во средата, Советот изрече две мерки забрана за телевизијата Прва – еднодневна забрана за емитување на вестите и петдневна забрана за емитување на утринската програма. На телевизијата Информер ѝ беше изречена седумдневна забрана за емитување на информативната емисија „Прва инфо“.

Мерките се изречени во рамки на постапки покренати поради наводно прекршување на правилата за медиумско известување за време на изборната кампања.

На истата седница Советот на РЕМ донел одлуки за покренување испитни постапки и против телевизиите Курир, Прва, Информер и В5 од Ваљево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумдневна забрана за „Информер“: Српскиот медиумски регулатор…

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…

“Ме осудија за два твита”: Сопственикот на…

Драган Вучиќевиќ, главен уредник и сопственик на…