Објавата на Топ ченел има политичка заднина – Муртези негира дека е на чело на терористичка организација

t

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет Муртези, ги негира наводите на Топ ченел дека е на чело на Исламскиот младински форум во Северна Македонија, организација што се нашла на египетската листа на терористички организации.

Во изјава за ТВ21, Муртези тврди дека никогаш не бил лидер на форумот и оценува дека објавата на албанскиот медиум има политичка заднина.

Како аргумент ја наведува споменатата поврзаност со Влен, како и неговата поддршка за студентските протести во Албанија.

„Веста ‘откриена‘ од Топ ченел и пренесена од други медиуми во земјата и регионот е апсолутно неточна. Бидејќи јас, Мухамет Муртези, не сум и никогаш не сум бил лидер на Исламскиот младински форум. Сметам дека клеветата упатена од Топ ченел има политичка конотација, бидејќи го споменува Влен, ентитет на кој му припаѓам, и ја наведува мојата солидарност со студентските протести во Албанија“, изјави Муртези за ТВ21.

Најавува дека ќе преземе правни чекори против Топ ченел и другите медиуми што ќе продолжат да ја пренесуваат, како што ја нарекува, лажната вест.

Албански Топ ченел објави дека Форумот на исламската младина во Северна Македонија, кој Египет го прогласи за терористичка организација, го предводи Мухамет Муртези, претседател на Советот на Општина Чаир и кадар на партијата Влен, коалициски партнер во македонската Влада.

Во текстот се посочува дека Муртези ја извршува функцијата претседател на Советот на Чаир со мандатот од 2025 до 2029 година, а на локалните избори во октомври 2025 година беше дел од советничката листа на Влен за оваа општина.

Дополнително се вели дека на неговиот профил на Фејсбук упатувал поддршка за протестите во Албанија, истовремено критикувајќи ја владата на албанскиот премиер Еди Рама.

„Дали ерата на Еди Рама навистина ќе заврши наскоро и дали целото ова насилство што се случува на улиците на Албанија ќе заврши, останува да се види. Се надевам дека оваа среќна вест ќе дојде утре“ пишува Муртези во објава на својот фејбук-профил.

Дека здружението од земјава се најде на листата на 35 субјекти што Египет, со одлука на Кривичниот суд во Каиро, ги вклучи во своите списоци на терористички организации и лица за период од пет години, објави порталот „Религија“.

Сепак, како што објави „360 степени“, засега нема официјална потврда дека организацијата наведена во египетската одлука под арапскиот назив „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“, што во превод значи „Исламско младинско здружение“, е истото правно лице како Форумот на исламската младина во Северна Македонија.

Од јавно достапниот список на граѓански организации, со податоци од Централниот регистар, постои регистрирано здружение „Исламски младински форум – Скопје“. Египетската листа го наведува арапското име, кое индиректно како превод се совпаѓа со името на оваа организација. Но, тоа не мора да значи дека станува збор за истата организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавата на Топ ченел има политичка заднина…

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…

Москва oд Абу Даби: НАТО да се…

Русија го покрена прашањето за враќање на…

ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…

На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…

Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…

Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…

Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…

Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…