Рама за победата на Студентската листа: Србија минува низ политички експеримент, рано е за ентузијазам

t

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија, по победата на Студентската листа, минува низ општествен и политички експеримент, но дека е прерано за ентузијазам. Тој додаде дека Белград и натаму не покажува отвореност за нормализирање на односите со Косово.

Рама ова го изјави во Даблин, каде што, на покана на Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA), одржа предавање за европскиот пат на Албанија, пренесува „Еуроњуз Албанија“.

Запрашан за изборите во Србија и можната нова динамика во регионот, оцени дека сè уште е рано за прецизна процена.

„Србија минува низ општествен и политички експеримент со Студентската листа. Прерано е да бидеме ентузијастични поради оваа промена“, рече Рама.

Како што појасни, експериментот се огледува во Студентската листа и во начинот на кој се избираат идните пратеници и членови на владата, што, според него, во повеќе аспекти претставува новина.

Студентската листа победи на парламентарните избори во Србија, одржани на 25 октомври.

Рама наведе дека Европската комисија имала проблеми со претходната власт во Србија, пред сè во однос на владеењето на правото и исполнувањето на другите основни услови за членство во Европската Унија.

Кога станува збор за односите со Косово и санкциите против Русија, тој рече дека, од албанска перспектива, нема знаци дека Белград го променил својот пристап.

„Ако нема нормализација на односите со Косово, духовите од минатото ќе продолжат да го прогонуваат Белград“, порача албанскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…