Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја притискала Ива Михаилова првото интервју да го даде кај Мартин Карбовски

t

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и веродостојноста на тврдењата. Претходно денеска, и самата Михаилова на Фејсбук напиша дека никој во Бугарија не ја принудувал да прави што било. Таа не ја доведе во прашање веродостојноста на снимките што ги објави јутјуберот Станислав Цанов

Бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) денеска негираше дека нејзини службеници вршеле притисок врз Ива Михаилова. Реакцијата следува по снимките што синоќа ги објави бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, во кои Михаилова му раскажува дека од ДАНС ѝ се заканиле дека ќе остане без помош за рехабилитација ако првото интервју не му го даде на новинарот Мартин Карбовски.

„Службеници на Државната агенција за национална безбедност на ниту еден начин и по ниту еден повод не влијаеле врз бугарската државјанка“, се вели во соопштението на ДАНС. Од Агенцијата оценуваат дека е недозволиво таа да се вовлекува во политички и медиумски пресметки преку снимки чие потекло, според ДАНС, е непотврдено, а веродостојноста на тврдењата во нив е недокажана.

Како што објави „360 степени“, во тајно снимениот разговор Михаилова му вели на Цанов дека од ДАНС ѝ кажале и дека можат да одредат какви прашања ќе ѝ постави Карбовски. По објавувањето на снимките, копретседателите на партијата „Да, Бугарија“, Ивајло Мирчев и Божидар Божанов, побараа истрага и оставка од првиот човек на ДАНС, Пламен Тончев.

Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека никој во Бугарија не ја принудувал да прави што било.

„Тука добив помош, грижа и поддршка. Ја чувствувам поддршката на целиот бугарски народ и таа ми дава сила секој ден“, напиша Михаилова.

Таа во октомври побегна во Бугарија и покрај забраната да ја напушти земјава. Во Кочани ѝ се суди во отсуство за сообраќајна несреќа во која загина едно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…

Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…

Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…

Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…